Роверот Кјуриосити, кој моментално се наоѓа на Марс, со руските апарати инсталирани на него направи стотина испитувања на површината на Црвената планета. Резултатите од нив без изненадување за научниците. Ова го соопшти на конференцијата во НАСА заменикот на научниот раководител на експериментот, Максим Литвак.
Според резултатите, делови од површината на планетата биле поделени на две групи. Во првата - горниот слој бил сув и со 1% содржина на вода, а под нив се наоѓа влажен слој со 3-4% влажност. Во втората група неочекувано овој влажен слој со 3% влажност се наоѓа и на површината, а слојот кој има 1% влажност се наоѓа под него. Освен тоа, во примероците се откриени соединенија од фосфор, азот, сулфур, водород и јаглерод.
„Со ова, на Марс ги пронајдовме елементите неопходни за појава на живот, кои ги има и на Земјата“, изјави Максим Литвак. „А дали се појавил живот на Црвената планета - е големо прашање. Докази кои можат да го потврдат тоа засега нема“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче