Слатките бонбони на Шарапова

Познатата тенисерка Марија Шарапова реши да ги продава своите бонбони Sugarpova во Русија.

Познатата тенисерка Марија Шарапова реши да ги продава своите бонбони Sugarpova во Русија. Досега тие беа наменети само за другите држави. Цените во Русија за овие бонбони нема да бидат пониски од западните, а на полиците на руските продавници овие бонбони ќе чинат од 5 до 6 долари за едно пакетче, или повеќе од 1.800 денари за 1 килограм.

Кој крајот на април Шарапова лично ќе ги претстави своите бонбони во Русија во супермаркетот „Азбука на вкусот“ во московскиот трговски центар Lotte Plaza. Од 30 април тие ќе можат да се најдат насекаде низ Москва и Санкт Петербург.

Пакетче со 142 грама од нејзините бонбони ќе се продаваат за околу 260 денари. Цената на овие бонбони е истата како и на меѓународниот пазар - во САД едно пакетче се продава за 5-6 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња