Рускиот радиотелескоп даде прекрасни резултати директно на две групи меѓународни астрономи кои изучуваат далечни галаксии и пулсари.
Сега научниците се приморани повторно да ги разгледаат заклучоците до кои дошле пред година и половина, пред да се појави во орбитата оваа космичка опсерваторија. „Радиоастрон“ дојде, виде и изненади - го парафразира Цезар раководителот на научната програма на овој проект, Јуриј Ковалев.
Досега чисто теоретски се претпоставуваше дека радиобрановите кои доаѓаат до Земјата од далечните објекти во Вселената се губат во меѓуѕвездената плазма. На почетокот се сметаше дека овие бранови не можат да бидат забележани од „Радиоастрон“. Истото се сметаше и за пулсарите - мали мртви ѕвезди со големина на град. Михаил Попов го изјави следново за нив:
„Самата неутронска ѕвезда има дијаметар од само 10 километри, а тежи повеќе од Сонцето. Таа има толку силно магнетно поле, и тоа произведува поларни сјаења, секако, пограндиозни отколку тие што се гледаат на Земјата. Тие сјаења генерираат радиобранови. Сметавме дека се толку мали, што никогаш нема да можеме да добиеме реална слика за нив“.
Со својот инферометар, „Радиоастрон“ успеа да го постигне тоа што некои никогаш не ни помислуваа дека може да се оствари во нивните животи. Моќноста на „Радиоастрон“ неколку илјади пати е помоќен од досегашниот американски телескоп „Хабл“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче