Одговорноста за „најмоќниот хакерски напад“ ја префрлија на Руси

Нападот на компанијата Spamhaus, која се занимава со борба против спамот, ја извршиле активисти од Русија.

Нападот на компанијата Spamhaus, која се занимава со борба против спамот, ја извршиле активисти од Русија. Ова го изјави Александар Лјамин, генерален директор на руската компанија Highloadlab, која се занимава со борба против DDoS-напади.

Според мислењето на Лјамин, во нападите се замешани руски борци со „интернет-ѓубре“,  кои Spamhaus го класифицирале како „штетен проект“.

Компанијата Spamhaus изјави дека нападите се организирани од Русија и Источна Европа, но сепак, тоа е направено, според нив, по нарачка од холандскиот провајдер Cyberbunker. Овој провајдер негира учество во сајбер-нападите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња