Русија треба да развива средства и методи за радио-електронска борба, кои ќе дозволат да се неутрализираат космичките воени станици што веќе се создаваат во САД, смета поранешниот прв заменик на министерот за одбрана на Русија, политиколог и доктор на историски науки, Андреј Кокошин.
„Ако станува збор за создавање на вселенски боеви станици - тоа прашање не е затворено во САД. Секако, треба да стане збор за неутрализација или уништување на космичките боеви станици.“, изјави Кокошин.
Зборувајќи за американскиот систем за ПРО, тој подвлече дека научно-техничкиот прогрес во Русија „дозволува да се надеваме дека било кој американски систем за ПРО ќе биде немоќен пред секој наш удар“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче