Кинеските автомобили не ги очекува светла иднина на рускиот пазар

FAW планира широка експанзија на рускиот пазар. Сепак, аналитичарите забележуваат дека кинескиот концерн го прави тоа не баш во најпогодниот момент.

FAW планира широка експанзија на рускиот пазар. Сепак, аналитичарите забележуваат дека кинескиот концерн го прави тоа не баш во најпогодниот момент.

Според бројот на продадени автомобили, рускиот пазар е втор во Европа, веднаш после Германија. Во 2012 година во Русија биле продадени 2.935.000 нови автомобили, што е за 11% повеќе отколку во 2011, соопшти претседателот на Комитетот на произведувачи на автомобили, Јорг Шрајбер.

Според апсолутните показатели, кинеските произведувачи се сè уште далеку од лидерот АвтоВАЗ, кој продаде 538.000 нови автомобили во 2012 година. Кинеските автомобили од марката Chery во минатата година забележале зголемување на продажбата за 161%, Geely – 190%, GreatWall – 112%. Секако, стравовите дека евтините кинески автомобили ќе ги истиснат другите автомобили од рускиот пазар, каде се купуваат автомобили од поекономичните класи – засега не се оправдани. Најдобро на рускиот пазар котира кинеската фирма Lifan, која се наоѓа на 25-то место според вкупниот број продадени автомобили.

Најстариот кинески произведувач на автомобили, FAW, ја започнува својата експанзија на рускиот пазар. Пред неколку дена во Москва тој претстави два нови модела, а најави и отворање во Русија на 50 дилерски центри.

Впрочем. засега нема гаранции дека кинеската автомобилска корпорација ќе успее лесно да пројде на рускиот пазар, имајќи предвид дека ова не е најдоброто време за пробивање на тој дел од пазарот. Големиот раст на продажбите во Русија веќе доаѓа кон крај. Пазарот на автомобили е веќе заситен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.