Планот за купување на руските хеликоптери се појави веднаш после големиот корупциски скандал околу договорот за купување на италијанските хеликоптери AW101. Воено-воздушните сили на Индија не планираат распишување нов тендер, бидејќи истиот може да одземе дополнителни осум години, па затоа Индија ќе набави хеликоптери Ми-17В-5 како дополнување на веќе склучениот договор меѓу Индија и Русија во 2012.
Според овој договор, склучен во декември 2012, Русија ќе продаде 71 хеликоптер по цена од 1,3 милијарди долари.
Преговорите со италијанската компанија ќе бидат прекинати, бидејќи се откри корупциски скандал, во кој италијанската фирма им понудиле мито на Индијците за купување на 12 ВИП хеликоптери од италијанско производство. Министерството за одбрана на Индија веќе ја започна процедурата за раскинување на договорот за купување на италијански хеликоптери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче