Во Русија ќе се појави првиот воз на катови

Првата композиција на вагони на катови со купеа во Русија ќе биде пуштена во почетокот на август.

Заменикот на генералниот директор на ОАД „Федерална компанија за транспорт“, Олег Никитин, изјави дека првата композиција на вагони на катови со купеа во Русија ќе биде пуштена во почетокот на август, а ќе сообраќа меѓу Москва-Адлер.

„И покрај високата цена за производство на овие вагони, картата за возењето во нив ќе биде значително поевтина од картите за возење со обичните вагони“, изјави Никитин.

Новиот воз „Москва-Адлер“ ќе биде пуштен активиран на Денот на железничарот, кој традиционално се одбележува во првата недела во август. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.