САД и понатаму се пред Русија по бројот на нуклеарно вооружување

Новиот договор за намалување на стратешкото вооружување, кој стапи на сила на 5 февруари 2011 година, ја обврзува Русија и САД да го намалат бројот на стратешки оружја.

Новиот договор за намалување на стратешкото вооружување, кој стапи на сила на 5 февруари 2011 година, ја обврзува Русија и САД да го намалат бројот на стратешки оружја. Почнувајќи од 6 април 2011, Русија и САД можат годишно да извршуваат по 18 инспекции.

САД и понатаму е пред Русија по вкупниот број нуклеарни вооружувања. САД имаат 792 балистички ракети (на земја, море и на стратешки бомбардери), додека Русија има 492. САД на своите ракети имаат 1.654 боеви глави, додека Русија има 1.480 боеви глави.

Според податоците на Стејт департментот, САД имаат 1.028 платформи за лансирање, додека Русија има 900.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.