Руските тенкови повеќе нема да бидат камуфлажно обоени

Министерството за одбрана на Русија однесе одлука воената техника и вооружување повеќе да не бидат камуфлажно обоени.

Министерството за одбрана на Русија однесе одлука воената техника и вооружување повеќе да не бидат камуфлажно обоени. Ваквата одлука ја донесе министерот за одбрана Сергеј Шојгу. Отсега сета воена техника ќе биде еднобојна. Во зависност од регионот на земјата, воената техника ќе има темнозелена, светлозелена или сива боја.

Првите примероци на камуфлажната боја се појавија во СССР во 1930-те години. Од завршувањето на Втората светска војна, па се до средината на 1980-те, сета воена техника била еднобојна. Потоа тенковите Т-80У и БМП-3 добија камуфлажна боја. Од 2004 до 2009 година, заради штедење, фабриките повторно на војската и испорачуваа еднобојна техника. Во 2009 година, тогашниот министер за одбрана, Анатолиј Сердјуков, воведе камуфлажа во три бои. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.