На Северниот пол ќе се одржи молебен во чест на 1025-годишнината од христијанизирањето на Русија

Познатиот патник и јереј на РПЦ, Фјодор Коњухов на Северниот пол ќе постави православен крст и ќе изврши молебен во чест на 1025-годишнината од христијанизирањето на Русија.

Познатиот патник и јереј на РПЦ, Фјодор Коњухов на Северниот пол ќе постави православен крст и ќе изврши молебен во чест на 1025-годишнината од христијанизирањето на Русија.

Крстот ќе остане на тоа место сѐ додека поларната станица „Барнео“ не се демонтира. После тоа, крстот ќе биде префрлен во Петрозаводск.

Поставувањето на крстот ќе биде извршено во рамките на експедицијата со кучешки санки на трасата од Северниот пол до јужните брегови на Гренланд, која порано се сметала за невозможна. За време на оваа експедиција, која ќе трае од април до август, патниците ќе преминат 4000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња