За развојот на производството на „Искандер-М“ ќе бидат вложени 40 милијарди рубљи

Нови вложувања во воено-индустрискиот комплекс,

Вкупните инвестиции во програмата за производство на оперативно-технички ракетни комплекси „Искандер-М“ ќе изнесуваат 40 милијарди рубљи, изјави за „Интерфакс“ генералниот директор на „НПК КБМ“, Валериј Кашин.

Според неговите зборови, од буџетот за оваа програма треба да бидат изделени 24 милијарди рубљи. Останатите средства треба да ги внесе претпријатието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.