Путин: Извозот на оружје порасна за 12%

Извозот на оружје од Русија во 2012 година порасна за 12%, достигнувајќи сума од 15,2 милијарди долари, изјави во средата претседателот Владимир Путин.

Рускиот претседател ја соопшти оваа вест на заседанието на комисијата за прашања од воено-техничката сфера и соработката со другите држави, додавајќи дека портфолиото на тековните нарачки изнесува 46,3 милијарди долари.

„Ова е еден од најдобрите показатели во оваа сфера на дејност, и може со увереност да се каже дека Русија е еден од безусловните лидери во сферата на продажба на специјално оружје, каде уделот на Русија е повеќе од 25% на светскиот пазар“, додаде Путин.

 Исто така, Владимир Путин соопшти дека Русија ќе продолжи да го користи кредитирањето како пракса при купување на оружје, но кредитите ќе се даваат со пазарни услови, а не од идеолошки причини.

„Проблемите, пред сѐ, се поврзани со проблемите во светската економија. Некои држави едноставно нема доволно финансиски ресурси, и тие држави сакаат да ги продолжат роковите за користење на веќе постојните вооружувања, и на тој начин да ги остават за друго време новите договори за увоз. Други, пак, се стремат да купат лиценци, да создадат сопствена одбранбена индустрија. Тоа, можеби и треба да биде вклучено во рамките на нашата работа“, забележа Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.