На САД им се потребни 5-7 ракети за да соборат еден „Топол-М“

Руски генералн во пензија ги процени возможностите на американските ракети GBI.

На САД ќе им требаат од пет до седум ракети GBI за да можат да уништат една руска балистичка ракета „Топол-М“, изјави за новинарите поранешниот началник на главниот штаб на Ракетните стратешки војски на Русија, генерал-полковник во пензија, Виктор Есин.

Според неговите зборови, сега САД имаат вкупно 30 ракети GBI. „Дваесет и шест имаат на Алјаска, а четири во Калифорнија“, додавајќи Есин, забележувајќи дека ефективноста на американските ракети е доста ограничена.

Есин исто така забележа дека преговорите со САД за противракетната одбрана нема да доведат до конкретни резултати.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.