„КамАЗ“ за првите три месеца го намали обемот на производство за 20%

„КамАЗ“ во првите три месеца од оваа година произвел околу 10.700 готови возила.

„КамАЗ“ во првите три месеца од оваа година произвел околу 10.700 готови возила, што е за 20,7% помалку отколку за истиот период во 2012 година. Тогаш биле произведени речиси 13.500 возила, соопштува autostat.ru.

Во јануари и февруари годинава, поради сезонското намалување на побарувачката, а со цел да се намалат резервите во складовите, работната недела во фабриката изнесуваше четири дена. Од први март претпријатието повторно се врати на петдневен режим на работа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња