eBay со промет од 400 милиони долари во Русија

Електронската трговија расте во Русија.

Во 2012 година Русите купиле на американската интернет-страница за аукции eBay стоки во вредност од 400 милиони долари, изјави раководителот на руската канцеларија на компанијата, Владимир Долгов. Во споредба со 2011 година, прометот на eBay се зголемил за 54%, а бројот на купувачи за 75%. Купуваат, пред сѐ облека и техника, изјави Долгов. Дневно Русите вршат околу 30.000 нарачки. 54% од сите нарачки одат во Москва, 30% во Санкт Петербург, 9% во Краснодар и 4% во Ростов.

Треба да се земе предвид дека руската верзија на интернет-страницата започна со работа во 2010 година. Во минатата година eBay отвори претставништво во Москва.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња