Русија според расходите во научниот сектор влегува во десетте водечки држави во светот. Оваа изјава ја даде министерот за образование и наука на Русија, Дмитриј Ливанов.
„Во последнава деценија во Русија значително пораснаа државните инвестиции во науката. Денеска според вкупните расходи во науката, ние влегуваме меѓу десетте водечки држави во светот кои вложуваат најмногу во истражувањата и сме на исто ниво како и Франција и Велика Британија. Општо земено, ние веќе имаме создадено инфраструктура за искористување на тие средства, иако сѐ уште чекаме добивање на значајни конкурентни резултати“, изјави министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче