Девојка заминала да служи во армија веднаш откако нејзиниот љубен заминал во армијата

Студентка во Русија склучи договор со Министерството за одбрана за да се најде и таа во армиската единица каде го отслужува воениот рок нејзиниот животен избраник.

Студентка во Русија склучи договор со Министерството за одбрана за да се најде и таа во армиската единица каде го отслужува воениот рок нејзиниот животен избраник.

23-годишната жителка од Пермскиот крај, Јулија Пањкова, студентка во локалниот педагошки институт, реши да биде со својот љубен дури и во армијата. Девојката веќе ги помина медицинските прегледи и ги собра потребните документи. Пред неколку дена таа добила писмо од Министерството за одбрана со одобрение.

Младиот регрут, 23-годишниот Александар Ваганов, служи во армиската единица во Тула. Веднаш после завршувањето на службата во воздушните војски, војникот склучи договор со Министерството за одбрана.

Младиот пар се запознал минатото лето, кога Александар за време на краток одмор се вратил во својот роден град Чајковски.

„Александар веднаш ми се допадна“, кажува Јулија. „Тој е далеку поумен и посериозен отколку што годините негови кажуваат. Откако се запознавме, тој ме разбуди со телефонски повик и ме замоли да погледнам низ прозорец. На асфалтот имаше натпис: ’Добро утро, Јулија!’“. Веднаш до натписот со букет цвеќиња стоел и вљубениот војник.

Пред да заврши одморот, парот требало да се раздели. За неколку дена до заминувањето во Тула, војникот ѝ предложил на Јулија да замине со него. Набргу девојката се согласила.

„Откако ми беше одобрено да влезам во армијата, веднаш сакав да го израдувам. Тој ја слушна добрата вест и веднаш скокна од радост. Ние само сакаме постојано да бидеме заедно. А каде имено - не е важно.“, рече Јулија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња