Демографската „дупка“ од 90-те години на ХХ век стана причина за недостаток од работни места во Русија. Агенциите за вработување се жалат дека во државата има недостиг од специјалисти. Според мислењето на експертите, вистинската криза и недостаток на кадри тукушто доаѓа. За 5 години не само што ќе има недостаток на квалифицирани кадри, туку и работоспособно население. Власта предлага овој проблем делумно да се реши со пензионерите кои сакаат да работат.
Сепак, проблемот се појавува кај работодавачите, кои не гледаат толку позитивно на оваа идеја. Повеќето компании се подготвени самите да обучуваат млади специјалисти, додека кај постарите потешко оди обуката. И не само тоа, повеќето не знаат да работат на компјутери, помалку се енергични и амбициозни. Ова е ситуација со која треба да се позанимава Министерството за труд, за да може барем делумно да се ублажи недостатокот на работоспособно население во Русија.
Во моментов во Русија нивото на невработеност е околу 5% од работоспособното население.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче