Во Русија дозволија во кино да се оди со свое јадење и пијалаци

Судски преседан се случи неодамна во Чкаловскиот реонски суд во Екатеринбург, кога судот ја призна за незаконска забраната посетителите да не можат да донесат во кино свои пијалаци и продукти кои се купени вон киното.

Случајот се појавил кога во локалната филијала на „Киномакс“ жител се пожалил поради забраната. Според податоците од обвинителството, барањата на киното противречат со граѓанското законодавство. Според постојните правила, администрацијата на киното има право да не допушти некој да гледа филм или да го отстрани од кино салата само ако се наруши граѓанскиот ред и се предизвика штета на имотот на претпријатието.

„Воведената забрана да се посетува киното со јадење и пијалаци кои не се купени во киното се против законските интереси на граѓаните кои дошле на кино“, изјавено е на прес-конференцијата на обвинителството. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња