Никој од евакуираните луѓе во висококатницата која се наоѓа во пламен не е се јавил во некоја од болниците, соопштено е од службата за „Брза помош“ која дојде на местото на пожарот.
Огнот опфатил 35 од 40-те катови на висококатницата од комплексот „Грозни-сити“ - највисоката зграда во тој комплекс. Целата зграда е обвиена со црн дим, а од прозорците летаат разни парчиња материјал.
Зградата сѐ уште не е пуштена во употреба. Огнот се шири по фасадата на зградата и по елементите кои се направени од пластика. Доколку има потреба, планирано е да се искористат и хеликоптери во гаснењето на пожарот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче