СЦИОМ: Русите станаа помалку аполитични

Според анкетата, бројот на учесници во општествениот и политичкиот живот на Русија порасна.

Серускиот центар за изучување на општественото мислење (СЦИОМ) ги анкетираше Русите за нивниот однос кон политиката. Резултатите од анкетата покажаа дека бројот на оние кои се интересираат за политиката пораснал.

48% (27% во 2011) од анкетираните изјавиле дека учествувале на изборите, 13% (8% во 2011) дека учествувале во станбените совети, 7% (во 2011 - 4%) собирале алишта за луѓе кои се нашле во тешка положба, 3% учествувале на митинзи и демонстрации (во 2011 - 1%).

На прашањето, зошто не зеле учество во општествениот и политичкиот живот: 35% одговориле: „не ми е интересно“ (во 2012 - 30%), 20% - „моето учество ништо нема да смени“ (27% во 2012), 15% „со политиката треба да се занимаваат професионалци“ (12% во 2012).

46% од анектираните изјавиле дека во политичкиот живот во државата се појавила повеќе слобода и отвореност отколку порано, а 39% го мислат спротивното.

Од СЦИОМ изјавуваат дека во Русија денеска има помалку луѓе кои се рамнодушни кон политиката. „Тоа е логично, бидејќи што постабилна е ситуацијата во државата, толку поголема е излезноста на изборите“, изјави Олга Каменчук, доктор на психолошки науки.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња