Санкт Петербург може да се пофали со најевтин Интернет во Русија

Најевтин Интернет во Русија може да се најде во Санкт Петербург, а најскап - на Далечниот Исток. Овие податоци ги објави „Јандекс“ за интернет-провајдерите според истражувањето кое е извршено во март годинава.

Според истражувањето, цената на Интернетот зависи најмногу од нивото на примања во регионите. Ако се земе предвид колку проценти од платата трошат за Интернет, граѓаните на Москва добиваат за 18 пати побрза врска кон Интернет, за разлика од жителите на Далечниот Исток.

Притоа, жителите на Санкт Петербург, трошејќи само 3% од својата плата, добиваат брзина која е за 2,72 пати побрза од онаа која ја добива просечниот граѓанин на Русија, кој ги троши истите 3% од својата плата.

Според податоците на „Јандекс“, граѓаните најчесто користат Интернет од 10 до 22 часот, најчесто на обични компјутери и на мобилни уреди. Корисниците на обични компјутери најмногу се активни околу 16:00 часот, додека корисниците на Интернет од мобилни уреди - во 21-22 часот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња