Порасна популацијата на далечноисточниот леопард

Леопардите на Далечниот Исток со шанси да го избегнат исчезнувањето.

Како и многу други видови животни, далечноисточните леопарди се на работ на исчезнување. Во 2007 година на Земјата останаа само 30 животни од тој вид. Но последните истражувања ги надминаа сите очекувања на научниците: откриени се 49 примероци од овој вид мачки. Но сепак, рано е да се каже дека овој вид е веќе далеку од исчезнување, сметаат научниците.

Забележани се и нови страни во животот на леопардот. Познато е сега, на пример, дека тој се движи накај север, а исто така, откриена е и недалеку од границата со Северна Кореја.

Научниците ги обеспокојува откритието на 23 амурски тигри на истата територија каде живеат и леопардите - двојно повеќе отколку пред 5 години. Според научниците, треба што е можно побрзо да се создаде руско-кинески парк, каде ќе бидат заштитени овие леопарди, и каде може да се одржува популација од 70-100 леопарди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.