Во Калуга во фабриката на Peugeot-Citroen-Mitsubishi започна сериското производство на седанот „Citroen С4“. Овој автомобил ќе биде произведуван до 34% руски делови.
Автомобилот ќе биде адаптиран за руски услови. Според зборовите на губернаторот на оваа област, Анатолиј Артамонов, овој проект е успешен благодарејќи на квалифицираните руски специјалисти и високите технологии на францускиот произведувач на автомобили.
Како што изјави директорот на Ситроен во Русија, Жан-Луј Шамла, компанијата планира со овој модел да ја зголеми продажбата во Русија за третина. До крајот на годинава од конвеерот ќе излезат 13.000 Citroen С4, а потоа производството ќе се зголеми до 40.000 годишно. Во Русија овој модел ќе чини 14.600 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче