Челјабинск: пристигнаа јапонски научници за да го проучуваат метеоритот

Научници од Јапонија заинтересирани за проучување на метеоритот во Чебаркуљ.

Во Државниот универзитет на Челјабинск пристигна делегација од јапонската агенција за аерокосмички истражувања. Делегацијата веќе го посети езерото Чебаркуљ и неколку села каде паднаа најмногу остатоци од метеоритот.

За да се заштити Земјата во иднина од метеорити, Јапонија работи на проектот Hayabusa-2, во чии рамки се праќаат космичко-истражувачки апарати на астероидите за да се проучува нивниот состав. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.