Во Москва до крајот на оваа година може да се појави четврт аеродром, пишува „Росијскаја газета“. Федералните власти ќе донесат решение за новото воздушно пристаниште до крајот на третиот квартал оваа година, а малку покасно ќе биде определено местото за изградба на аеродромот. Решението за изградба може да минува низ канцелариите чекајќи ги сите одобрувања во период од две години. Во моментов нема определено посебно место каде би можело да се појави идниот аеродром.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче