Случувањата на Кипар предизвикаа одлив на капитал од Русија

Кипарската криза со домино ефект.

Инвеститорите продолжуваат да ги продаваат руските акции. За една недела, од 21 до 27 март, одливот на капитал од фондовите кои инвестираат во Русија изнесува 290 милиони долари. 235 милиони долари изгубија инвестициските фондови, а уште 54 милиони долари ја напуштиле Русија преку глобалните фондови за развој. Ова е најголем одлив на капитал од Русија од септември 2011 година, изјавуваат економистите.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња