Производството на Шевролет Нива се намалува

Помал број произведени автомобили Шевролет Нива.

Со почетокот на пролетта, заедничкото претпријатие „GM-АвтоВАЗ“ ги даде првите податоци за работата од јануари до март. Како што е соопштено на прес-конференцијата на произведувачот на автомобили, во периодот од почетокот на годината се произведени 14.694 автомобили Шевролет Нива.

Ако се споредат податоците со минатогодишните за истиот период, има намалување во производството за 2,5%. За цела 2013 година компанијата планира да произведе околу 63.000 автомобили. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња