Индонезија ќе создаде сервисен центар за руската авиотехника

Индонезија е заинтересирана за создавање на центар за опслужување на руските авиони и хеликоптери, изјави на изложбата LIMA-2013 шефот на „Рособоронекспорт“, Виктор Комардин.

Индонезија е заинтересирана за создавање на центар за опслужување на руските авиони и хеликоптери, изјави на изложбата LIMA-2013 шефот на „Рособоронекспорт“, Виктор Комардин.

„На дневен ред се појави и создавањето на сервисен центар во Индонезија за опслужување и сервисирање на руските авиони Су-30 и хеликоптерите Ми-17 и ми-35. Тоа сега е актуелно, бидејќи во моментов истите се сервисираат во согласност со гарантните рокови кои сѐ уште се активни. Тоа не е доволно, па затоа Индонезија побара од нас создавање на таков центар“, изјави Комардин.

Во Малезија се одржува меѓународната изложба на вооружување LIMA-2013, во чии рамки Русија ги претстави своите последни разработки во областа на оружјето. Меѓу претставените технологии и техника се наоѓа и авионот од петтата генерација Т-50. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња