Иднината на Северниот морски пат

„Во Русија го гледаат Северниот морски пат како меѓународна транспортна артерија, способна да конкурира на традиционалните морски линии“, изјави Владимир Путин во септември 2011 година на Меѓународниот арктички форум во Архангелск.

Притоа, тој додаде дека „Северниот морски пат е одлична можност да се оптимизираат трошоците за транспорт“. „Државата, приватните компании кои ќе го изберат арктичкиот транспорт (преку рускиот Северен морски пат), ќе добијат економски предноси и дивиденди“, изјави Путин.

И реално - намалувањето на растојанието - е намалување на трошоците, како и времето за транспорт на стоките.

Аналитичарот Александар Уваров од „Атоминфо“, забележува дека Северниот морски пат веќе е дел од мрежата за контролно-коригирачки станици, со кои се овозможува да се следат маршрутите на стоката во текот на целиот пат.

„Завршувањето на процесот за создавање на спасувачки центри за обезбедување на безбедноста на патувањето на бродовите по таа маршрута ќе го направи овој пат уште попривлечен за превозниците на стока“, смета експертот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.