Виетнам сака да се приклучи кон Царинската унија

Во средата во Ханој започна првата рунда од преговорите за склучување Договор за зона за слободна трговија меѓу Царинската унија (Русија, Белорусија и Казахстан) и Виетнам.

Во средата во Ханој започна првата рунда од преговорите за склучување Договор за зона за слободна трговија меѓу Царинската унија (Русија, Белорусија и Казахстан) и Виетнам.

Преговарачката делегација од Царинската унија ја беше на чело со министерот за трговија на Евроазиската економска комисија, Андреј Слепнев.

Во составот на делегацијата влегуваат претставници од Евроазиската економска комисија и органи од државите на Царинската унија.

„Сметаме дека ќе создадеме современ Договор за зона за слободна трговија, кој ќе ја регулира не само трговијата на стоки, но исто така и услугите кои се даваат, ќе се определи пристапот до пазарите за инвестиции, можностите за учество во крупните државни инфраструктурни проекти“, изјави Андреј Слепнев.

Според неговите зборови, „денеска во Азиско-Тихоокеанскиот регион се создава нов центар за производство и побарувачка, и државите на Царинската унија треба да излезат на тие пазари, да го развиваат трговскиот режим со државите во тој регион. Со Виетнам, како и порано, нас не поврзува плодотворна соработа, и имено затоа Виетнам стана првата држава од регионот со која започнуваме ваков дијалог“.

Евроазиската економска комисија е создадена со решението на претседателите на Русија, Белорусија и Казахстан кон крајот на 2011 година како единствен регулирачки орган на Царинската унија. Денес во составот на оваа комисија влегуваат три држави, но можно е приклучување и на други држави.

ЕЕК има статус на наднационален орган за управување. Организацијата не се потчинува на некоја од владите на државите кои ја создале. Решенијата на Комисијата се задолжителни за исполнување на територијата на сите три држави. Основна задача на ЕЕК е да обезбеди услови за функционирање и развој  на Царинската унија, како и разработка на предлози за понатамошен развој и интеграција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња