Руските власти нема да преземаат никакви мерки доколку штедачите изгубат дел од своите заштеди во кипарските банки. Сепак, можно е да се разгледа ситуацијата доколку бидат оштетени државните компании, изјави првиот вице-премиер, Игор Шувалов.
„Што се однесува до парите кои се наоѓаат таму: има такви за кои нема платено данок, има такви за кои има платено данок... Ако некој загуби пари во двете најголеми кипарски банки, жал ми е, но руската влада нема да преземе ништо... Ако државните компании имаат големи загуби, ние сме подготвени решението за таквата конкретна ситуација да го разгледаме јавно и транспарентно...“, изјави Шувалов.
Според зборовите на Шувалов, Русија има стабилни макроекономски показатели и е “една од најстабилните економии кои имаат стабилен банкарски систем каде може да се чуваат парите“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче