Русија преминува на новата генерација ракети-носачи

Ракетите-носачи „Протон“, кои се користат во Русија од 1967 година, ќе бидат пензионирани после 2020 година.

Ракетите-носачи „Протон“, кои се користат во Русија од 1967 година, ќе бидат пензионирани после 2020 година. Ова го соопшти шефот на Роскосмос, Владимир Поповкин. Според неговите зборови, тоа ќе се случи веднаш откако ќе започнат да се користат новите ракети-носачи „Ангара“.

Се очекува новиот комплекс за лансирање на овие ракети ќе биде создаден на космодромот „Восточни“, кој сега се гради на Далечниот Исток во Амурската област.

Семејството ракети-носачи „Ангара“ е создаден според новите еколошки барања. Како гориво оваа ракета ќе користи елементи врз основа на керозин, кој е побезопасен отколку асиметричниот диметилхидразин, кој се користи на сите нивоа на ракетата „Протон“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња