Претседателот Владимир Путин присуствуваше на воените вежби на Црното море.
Врховниот командант пристигна на полигонот „Раевски“ во Краснодарскиот крај, каде се изведуваат вежби на копнените сили, воената и транспортната авијација, како и бродови на воената морнарица. На истиот полигон Путин го набљудуваше и десантот кој го изведоа воздушно-десантните единици.
„Не е исто да се припремаме за воени вежби два-три месеца, или среде ноќ да станеме и да започнеме марш од 500 километри, да летаме две и пол илјади километри, или да патуваме 24 часа, како што направија бродовите во базата во Севастопол“, изјави министерот за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека е задоволен од борбената способност на војската.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче