Путин повторно го воведе одликувањето Херој на трудот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за воведување на звање Херој на трудот во Русија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за воведување на звање Херој на трудот во Русија. Ова звање ќе им се доделува на граѓаните на Русија кои „постигнале резултати во државната, општествената и индустриската сфера и дале значаен придонес во социјално-економскиот развој на земјата“. Путин ова одликување ќе го дава во вид на златен медал во форма на петокрака ѕвезда со грбот на Русија во центарот.

Херој на трудот ќе биде највисоко звање, заедно со Херој на Русија. Според указот на Путин, граѓанинот на Русија кој ќе ги добие и двете одликувања - ќе му биде подигната бронзена биста.

Ова одликување за прв пат е воведен во Советскиот Сојуз во 1927 година, а истото беше укинато во 1991 година.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња