Пријателка на Березовски потврди дека пред неговата смрт тој се извинил на Путин

Новинарите од The New Times успеаја да најдат потврда дека рускиот олигарх Борис Березовски, пред смртта пратил писмо на Владимир Путин.

Новинарите од The New Times успеаја да најдат потврда дека рускиот олигарх Борис Березовски, пред смртта пратил писмо на Владимир Путин. За тоа дека милионерот сакал да се извини пред шефот на државата, раскажа Екатерина Сабирова, пријателка на покојниот милионер.

Според нејзините зборови, Березовски сакал да се врати во Русија, за што му требало да „си го прегризе јазикот“. Обраќањето кон претседателот Путин претприемачот го нарекол „последна шанса“. Сабирова потврдува дела лично го видела тоа писмо.

Претходно портпаролот на претседателот Путин, Дмитриј Песков, изјави дека „Березовски му пратил писмо на Путин кој тој лично го напишал, во кој признал дека тој направи многу грешки, и го замолил Путин да му ги прости тие грешки, а исто така, го замолил Путин да добие шанса да се врати во татковината“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња