Отворена е „руска соба“ во Советот за безбедност при ООН

Советот за безбедност при ООН доби т.н. „руска соба“ - сала за затворени консултации, создадена од рускиот архитект Александар Конов.

Советот за безбедност при ООН доби т.н. „руска соба“ - сала за затворени консултации, создадена од рускиот архитект Александар Конов.

Правото за добивање на одделна просторија во Советот за безбедност Русија го доби како резултат на донацијата од 2 милиона долари за ремонт во ООН, кој започна во 2010 година и сѐ уште трае. Како што изјави на отворањето на собата генералниот секретар на ООН, Баи Ки Мун -  собата е предвидена за дискусии за тоа како да се направи светот побезбедно место, бидејќи „создава атмосфера во која можат да бидат донесени конструктивни чекори“.

Постојаниот претставник на Русија во светската организација, Виталиј Чуркин, смета дека појавата на „руска соба“ во Советот за безбедност на ООН е „резултат на историскиот влог на Русија во создавањето на Организацијата на Обединетите нации“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња