Москва ги повика двете Кореи на воздржаност

Русија ги повика двете Кореи на максимална воздржаност откако Северна Кореја изјави дека влегува во „воена состојба“ со Јужна Кореја.

Русија ги повика двете Кореи на максимална воздржаност откако Северна Кореја изјави дека влегува во „воена состојба“ со Јужна Кореја.

„Ние имаме негативен став за ваквите изјави и чекорите кои на еден или друг начин водат кон ескалација. Се надеваме дека обете страни ќе бидат максимално воздржани и одговорни кон судбината на Корејскиот полуостров“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.

Во ноќта меѓу 29 и 30 март Северна Кореја соопшти дека влегува во „воена состојба“ со Јужна Кореја, што значи дека сите прашања кои се однесуваат на двете земји ќе се решаваат по законите за време на војна. Обединетите Нации веќе апелираа Пјонгјанг да ја отфрли воената реторика. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња