Денис Мацуев ќе ја одбележи 140-годишнината од раѓањето на Рахманинов во Москва

Пијанистот Денис Мацуев ќе го одбележи роденденот на Рахманинов во понеделник и во вторник со јубилејни концерти во салата „Чајковски“.

Пијанистот Денис Мацуев ќе го одбележи роденденот на Рахманинов во понеделник и во вторник со јубилејни концерти во салата „Чајковски“.

„На јубилејот од раѓањето на Рахманинов да се биде во Русија и да се одржи концерт со неговите дела сакав одамна“, изјави музичарот за РИА Новосоти. „Сета оваа сезона ја планиравме со Александар Борисович Рахманинов, внукот на композиторот. Двата московски концерта се замислени како централен дел од голем проект кој опфаќа 15 главни градови во светот. За жал, минатиот ноември Александар Рахманинов почина, и тоа е голема болка за сите кои го знаеја, но како и да е, сѐ што се планираше - ќе се оствари“.

Програмата за првата вечер (1 април) ќе биде составена од Вториот и Третиот концерт за фортепијано со оркестар, а следниот ден ќе прозвучат „Рапсодијата на тема Паганини“ за фортепијано со оркестар и Втората симфонија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.