Во Москва повторно паѓа снег

И покрај тоа што завршува март и веќе започна пролетта - во Москва паѓа снег.

Според податоците на метеоролозите, вчеравечер во Москва паднале дополнителни 5 см снег. Вкупната количина снег која падна во главниот град на Русија во март изнесува 102 см. Ова е за три пати повеќе од климатската норма - 34 см. 

За време на целиот зимски период 2012-2013, во Москва паднаа 327 см снег. Средната климатска норма во градот изнесува 152 см за една година. Висината на снежната покривка утрово во Москва изнесувала 69 см. 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.