Северниот морски пат - иднината на меѓународната трговија

Поради глобалното затоплување на климата, како и поради економски причини - рускиот Северен морски пат сѐ повеќе го привлекува вниманието на целиот свет.

Поради глобалното затоплување, како и поради економски причини - рускиот Северен морски пат сѐ повеќе го привлекува вниманието на целиот свет.

Северниот морски пат - е историски национален транспортен систем на Руската Федерација во Арктикот.

Тоа е најкраткиот пат меѓу Европа и Индокина, и затоа превозот на стоки по него е далеку побрз, отколку по традиционалните и јужни патишта. Освен тоа, Северниот морски пат е далеку посигурен, бидејќи пиратството е невозможно во тие услови и места.

Северниот морски пат поминува преку Северниот Леден океан - преку Баренцовото, Карското море, Источно-Сибирското море, Чукотсткото море и делумно по Беринговото море, каде што излегува во Тихиот океан.

Северниот морски пат ги опслужува пристаништата на Арктикот преку големите реки на Сибир: по него се транспортира гориво, храна, опрема, а се извезува дрво и природни ресурси. Алтернатива на Северниот морски пат се Суецкиот и Панамскиот канал. Сепак, ако се земе предвид растојанието кое бродовите го поминуваат од пристаништето во Мурманск до пристаништето во Јокохама (Јапонија) преку Суецкиот канал - тој изнесува 12.800 морски милји, а преку Северниот морски пат - само 5.800 морски милји. Друга споредба: растојанието од Санкт Петербург до Владивосток по Северниот морски пат изнесува 14.000 километри, додека преку Суецкиот канал - 23.000 километри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња