Руската космичка индустрија може да организира пилотиран лет околу Месечината во 2030 година, изјави Анатолиј Малченко, заменик-началник на Центарот за системско проектирање во ЦНИИ.
„Основната работа сега - е создавање на перспективен пилотиран брод од новата генерација, како и создавање на инфраструктура која ќе обезбеди користење на тој брод. САД веќе имаат цел да прелетаат околу Месечината до 2021 година со својот нов пилотиран вселенски брод. За нас таквата задача до 2021 година е тешко остварлива, додека во 2030 година е сосема реално да се очекува остварување на истата, изјави Малченко.
„Тоа нема само да биле лет, туку работа за проверка на апаратурата која ќе се користи во иднина на Месечината“, изјави тој, забележувајќи дека руските вселенски планови предвидуваат создавање опсерваторија на Месечината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче