Регионите во Русија ќе ги укинат директните избори за губернатори

Советот на Федерацијата донесе закон со кој им се дава право на регионите да изберат дали ќе спроведат директни избори за губернатори, или избор за претставник од субјектот од страна на регионалното собрание.

Според законот, во случај регионот да се откаже од директни избори, парламентарните партии ќе добијат право да претстават по тројца кандидати за губернатор. Шефот на државата потоа ќе ги прати кандидатите на разгледување и гласање во регионалниот парламент.

Директните губернаторски избори беа вратени во Русија во 2012 година. Веднаш после тоа претставниците од националните републики го поставија прашањето за враќање на претходниот систем. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња