Владимир Путин истапи против посвојувањето на руските сирачиња од страна на хомосексуални парови. Претседателот нареди на владата и упати молба до Врховниот суд до 1 јули да се подготват соодветните документи.
Претходно Павел Астахов, ополномоштен за правата на децата, изјави загриженост за судбината на руските деца кои се посвојуваат од хомосексуални парови. Омбудсменот вети дека ќе направи сѐ што е возможно за да сирачињата од Русија бидат посвоени од традиционални семејства.
Хомосексуалните бракови официјално се признати во 11 држави во светот. Во ноември 2012 година владата на Франција го одобри предлог-законот за легализација на хомосексуалните бракови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче