Европејците ќе се приклучат кон програмата на Русија за истражување на Месечината

Европската вселенска агенција (ЕВА) активно преговара со Роскосмос за можноста да се приклучи кон руската програма за истражување на Месечината. Најверојатно е дека ќе биде направен договор, ист како и договорот за „ЕгзоМарс“, соопшти началникот на комплексот на ЦНИИ, Георгиј Карабаџак.

Претходно во руската програма за истражување на Месечината со помош на автоматски сонди се планираше и учеството на Индија. Сега со потпишувањето на договор со „ЕгзоМарс“ ќе се разгледува можноста за учество и на Европејците.

„Договорот за „ЕгзоМарс“ отвора пат и за други проекти, меѓу кои и проекти за истражување на Месечината и сателитите на Јупитер. Европа денес покажува голема активност за мисиите поврзани со Месечината и сака да се приклучи кон нашите проекти со нивните технологии и можности“, изјави Карабаџак.

„Јас се надевам дека наскоро оваа соработка ќе добие дополнителен импулс, и ние ќе имаме договор за Месечината, сличен како оној за „ЕгзоМарс“, додаде тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња