Меѓународниот олимписки комитет официјално го објави датумот за брифингот за градовите-кандидати за летната Олимпијада 2020. Одредено време се сметаше дека на овој настан ќе се најдат и руски градови, но официјални барања за тоа немало. Меѓутоа, граѓаните започнаа со иницијатива да се одржи летната Олимпијада 2028 година во градот на реката Нева.
Листата на градови-претенденти за Игрите во 2020 изгледа вака: Мадрид, Токио и Истанбул. Изборите за држава-домаќин на летната Олимпијада ќе се одржат на 7 септември во Буенос Аирес.
За жал, Русија нема поднесено барање за одржување на Олимпијадата 2020 во Санкт Петербург или било кој друг руски град. Во април 2008 година за можноста да се даде барање за одржување на Олимпијадата во Санкт Петербург соопшти тогашниот гувернер на Санкт Петербург – Валентина Матвиенко. Но истата таа година започна финансиската криза, и идејата за Олимпијадата остана во фиока.
Во меѓувреме, олимписка иницијатива се појави кај жителите на Санкт Петербург. Група жители од овој град ја создаде групата Saint Petersburg – 2028 со стратешка цел да се одржи Олимпијадата во овој град.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче