Секој десетти Русин живее под границата на сиромаштија. Ова го изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на конференцијата на „Серускиот народен фронт“ во Ростов-на-Дон.
„Во 2000 година имавме 30% граѓани кои живееја под границата на сиромаштија. Постепено нивниот број се намалуваше. Денеска само 11,2% од народот живее под границата на сиромаштија. Тоа е суштествен прогрес...“, изјави претседателот на Русија.
Според претседателот Путин, една од главните задачи на Русија е зголемувањето на животниот стандард на граѓаните. Исто така, треба да биде обезбеден пристап кон социјалните услуги за луѓето кои живеат под границата на сиромаштија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче