Повеќе од две третини од Русите трошат за облека и обувки не повеќе од 20% од месечната плата. Притоа, околу 28% од Русите (пред сѐ мажите и луѓето со мали примања постари од 45 години) трошат помалку од 10% од платата за тоа. Овие податоци ги објави „Ромир“ во неодамнешната одржана анкета.
Од 20% до 30% од платата за облека и обувки трошат 22% од испитаниците, а повеќе од 30% - само 8%. Притоа, меѓу овие 8% најмногу се наоѓаат испитаници од 18 до 24 години.
Најчесто Русите купуваат облека и обувки во мали продавници (54%) или трговски центри (79%), додека бутиците кои продаваат дизајнерска облека се посетени само од 22% од испитаниците. Помал дел купуваат од Интернет, како и за време на туристичките патувања.
Исто така, според податоците од истражувањето - мажите повеќе купуваат од жените за време на распродажба.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче