Во време кога во Европа паѓаат продажбите на нови автомобили, во Русија продажбата на лесни и комерцијални автомобили порасна за 1,62% во споредба со февруари 2012.
Според податоците на Асоцијацијата на европскиот бизнис (АЕБ), во февруари 2013 година на територијата на Русија се продадени 210.000 нови автомобили, што е 1,62% повеќе од февруари 2012 година. Притоа, во првите два месеца продажбите изнесуваат 373.000 автомобили, додека во минатата година за аналогниот период се продадени 362.000 автомобили.
Што се однесува до продадените автомобили, Русите и овој пат купиле најмногу автомобили Лада, и тоа 36.910. Понатаму следуваат Рено (15.300), КИА (14.094), Хјундаи (13.489), Нисан (13.126), Шевролет (13.023), Фолксваген (12.500), Тојота (8.337), Опел (7.174), Форд (7.051).
Повеќето Руси претпочитаат да ја возат Лада Гранта. Самата цена на седанот од АвтоВАЗ веќе два месеца го држи врвот на списокот на продадени автомобили во Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче